Амнести интернешнал побара правда за геј лицата кои биле злоставувани во Чеченија

Амнести интернешнал.

Две години откако беше открена акција против геј лица во Чеченија, руските власти не успеаја да обезбедат правда за жртвите, објави Амнести интернешнал.

Властите „се покажаа како соучесници во грозоморните злосторства во Чеченија против луѓето кои веруваат сека хомосексуалци или лезбејки“, вели Мари Струтерс - директорка на групата за човокови права за Источна Европа и Централна Азија, во денешното соопштение.

Кампања за злоупотреби против хомосексуалците во Челенија беше објавена во 2017 година од страна на независниот весник „Новаја газета“, предизвикувајќо глобална осуда.

„Хјуман рајтс воч“ подоцна потврди дека полицијата во Чеченија мачела и понижувала десетици геј лица за време на пролетта 2017 година, „во очигледен обид да бидат исчистени од чеченското општество.“

Досега никој не бил повикан на одговорност за оваа операција.