Најмалку 40 повредени во судир меѓу трамвај и тролејбус во Брно

Илустрација - трамвај во Чешка.

Најмалку 40 лица се повредени во судир меѓу трамвај и тролејбус во чешкиот град Брно. Несреќата се случи денеска на улица во центарот на вториот по големина град во земјата.

Портпаролката на спасувачката служба Михаела Ботова изјави дека немало патници во тамвајот за време на несреќата.

Ботова додаде дека спачувачите морале да ослободат неколку луѓе од тролејбусот и дека некои од нив претрпеле сериозни повреди.