НАТО оваа недела ќе дискутира за „агресивните акции“ на Русија

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на прес-конференција во Брисел.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека алијансата оваа недела ќе дискутира за „следните чекори“ во одговорот на руското континуирано кршење на клучниот нуклеарен договор за вооружување од Студената војна, како и за „руското агресивно присуство“ во регионот на Црното Море.

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат во главниот град на САД на 4 април да ја одбележат 70-годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор за основање на Западната воена алијанса.

Се очекува разговорите во голема мера да се фокусираат на односите со Русија, кои сериозно се затегнати поради повеќе прашања, вклучително руската анаксија на Крим во март 2014 година и нејзината поддршка на сепаратистите во конфликтот во источна Украина во кој загинаа повеќе од 13 илјади луѓе.