Најмалку 45 мртви во поплави во Иран

Поплави во Иран.

Иранска хуманитарна организација објави дека повеќе од 25.000 домови се уништени во поплавите во Иран, предизвикани од најголемите дождови кои се регистрирани во изминатата деценија.

Според официјалните бројки најмалку 45 лица загинале од 19 март во поплавите што го зафатија северен, централен и јужен Иран и кои се проширија и во западните и југозападни делови на земјата во последниве денови.

Илјадници луѓе од голем број села и градови се евакуирани низ целата земја, зашто метеоролозите предвидуваат повеќе обилни дождови во следните два дена.

Агенциите јавуваат дека над 25.000 домови се уништени и повеќе од 60.000 се оштетени во поплавите.

Иранската метеоролошка организација ги повика граѓаните да се воздржат од патување во областите погодени од поплави и предупредија на можноста за поплавување во 11 провинции, вклучително и на северозапад.

Исламската револуционерна служба (ИРГЦ) и армијата учествуваат во напорите за спасување.