Активни повеќе пожари низ територијата на цела држава

Повеќе пожари се активни во Скопско, Битолско, Преспа, Тетовско, Охридско, Македонски Брод, Велешко, Штипско и Кумановско. Главно се зафатени шумски појаси и суви треви, но пожарот кај Фабриката за тури „Типо“ во Драчево ја зафатил и пругата, а оштетени се и пет столба на ЕВН кај Желино, за кој е побарано интервенција на канадерите за гаснење на пожар на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во скопскиот регион гори поголема површина нискостеблеста дабова шума и трње, во местото Љуботенски бачила, а пожарот поради ветерот се шири кон местото викано Башинец. Теренот е непристапен и побарано е да дејствуваат авионите на Дирекција за заштита и спасување.

Активен пожар има и во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево кој зафатил и дел од пругата. Побарано е од ЕВН да ја исклучи струјата на таа траса поради интервенција со вода. Шумски пожар е појавен и кај манастирот „Св. Богородица“ – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо.

Во битолскиот регион има активен пожар кај селата Прељубје и Покрвеник.- Перово место викано Вича. Пожарот во Национален Парк Галичица, реонот туристичка населба Сирхан-место викано Кале, се движи кон село Отешево, а опожарено е околу 70 хектари, гори сува трева и нискостеблеста шума. Ограничено е гасењето од земја од причина, што има остатоци од експлозивни средства од Првата светска војна.

Во тетовски регион пожарот има кај село Лакавица, општина Желино кој е се уште активен.

Во охридскиот регион во моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, каде гори ниска деградирана шума и смрека.

Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума..

Во велешкиот регион активен пожар има во атар на село Црешнево, а во општина Чашка има пожар во атарот на село Богомила. Пожар има и во штипскиот регион во атарот на Саса место викано Трканица Владимирово.

Во кумановскиот регион активен пожар има во Општина Липково во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре. Екипи на Шумско стопанство се на терен и интервенираат во гаснење на пожарот, јавуваат агенциите.