Лажни вести, руски ракети и близнаци од различни татковци

МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА - Десет отсто од информациите во медиумите се со цел да презентираат неточни информации и таа бројка загрижува, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Тој имаше обраќањето во Атина на конференцијата на тема Лажни вести за Договорот од Преспа.

МАКЕДОНИЈА - Врховниот суд му го укина куќниот притвор на обвинетиот Сашо Мијалков за случајот Империја на СЈО. Во соопштението од Судот се наведува дека му ја уважила жалбата на обвинетиот за решението на Апелациониот суд за мерка куќен притвор и тој се пушта да се брани од слобода.

КОСОВО / МАКЕДОНИЈА - Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот Монструм. Тој вели дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.

ТУРЦИЈА / РУСИЈА - Турција ќе го почитува договорот со Русија за набавка на рускиот ракетен систем С-400 за воздушна одбрана и покрај предупредувањето од Вашингтон, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по разговорите со неговиот руски колега, Сергеј Лавров во Анталија.

БЕЛГИЈА / РОМАНИЈА - Европската Комисија, иако не го коментира процесот кој се води против романската обвинителка Лаура Ковеси, која е кандидатка за прв обвинител на ЕУ, потсетува дека земјите членки треба да го почитуваат принципот на чесна соработка. Романија се противи на идејата Ковеси да биде прв обвинител на ЕУ.

КИНА - Жена во градот Ксиамен во Кина родила близнаци од различни татковци, објави британскиот весник Гардијан. Случајот е потврден во официјален форензички центар, а медицински тоа е возможно ако жената има полови односи со двајца партнери во исклучително краток временски период или ако жената ослободи две јајце клетки во период од неколку дена во истиот репродуктивен циклус, а потоа има односи со различни партнери, објави британски Гардијан.

ГРЦИЈА - Во пожар во напуштена зграда во индустриска зона во Анкара загинале пет луѓе, а 11 се повредени. Во зградата биле сместени Авганистанци кои таму складирале хартија за рециклирање.