Апелациониот суд Скопје и ја намали казната на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот Тенк на четири години. Судот делумно ги уважи жалбите на Јанкулоска во однос на висината на казната, а во останатиот дел првостепената пресуда ја потврди.
Во првостепената пресуда Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка.