Заев и Мицкоски со пораки на Фејсбук пред ТВ дуелот

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неспоредно пред почетокот наТВ дуелот денеска обајвија пораки на Фејсбук за вечерашното телевизиско соочување.

Власта и опозицијата да дадат јасни одговори пред граѓаните и да ги судрат своите интереси, е пораката што преку Фејсбук ја испрати Заев, нагласувајќи оти тоа доликува на едно демократско општество.

"Во време на демократија и слобода, власта и опозицијата треба да даваат јасни одговори пред граѓаните и да ги судрат своите идеи и аргументи. Имаме одговорност да бидеме реални и да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја. Секој од нас треба
да им ги соопшти на граѓаните своите планови за напредокот и своите ставови за најтешките прашања, доколку ги има. По тој повод, следете го политичкиот дуел вечерва со мене и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ", наведува Заев во пораката на социјалната мрежа.

За вистината и отворено за проблемите на граѓаните, но и за забелешките во однос на постапките на сегашната власт, најави дека ќе се говори во ТВ дуелот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

"За вистинската вистина, отворено за проблемите на граѓаните, за заевизмот кој ја тоне Македонија, за честа и достоинството која власта сака да го одземе, за неправдите кои ги донесоа, за иднината на нашата земја. Следете ме на Канал 5 телевизија во 18:30 часот, порача Мицкоски