Времето денеска: Сончево со температура до 22 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 22 Целзиусови степени. И во Скопје слично време - сончево со умерен северен ветер и максимална дневна температура од 21 степен. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 19 степени, Охрид 18, Битола 19, Кавадарци 21, Крива Паланка 17, Берово 16, Гевгелија 22.

До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.