Советот на Европа бара Албанија да спроведе реален попис на малцинствата

Советот на Европа побара од Албанија да го почитува начелото на слободно изразување на националните малцинства на пописот во 2020 година. Организацијата ја повикува Албанија, изјаснувањето за националната и верската припадност на пописот догодина да биде задолжително.

Националните малцинска го бојкотираа последниот попис во Албанија, во 2011, бидејќи Владата не прифати ниту едно нивно барање. Тие не ги признаа ниту резултатите од пописот.

Инаку, во последниот извештај, Советот на Европа забележува дека заедниците на Ромите и Египќаните во Албанија и натаму се соочуваат со најголема нееднаквост и дискриминација, особено на локално ниво.

Од властите во Тирана, Советот бара подобрување на условите за живот на националните малцинства, особено во однос на пристапот до вработување, образование и здравство и нивна целосна интеграција.