Македонски депонии, француски елеци, украински кокаин...

МАКЕДОНИЈА - Преку 300 диви депонии и над 1.500 селски буништа и ѓубришта има на територијата на Македонија според сознанијата на Центарот за современи уметности (ЦСУ) Скопје, кој посети над 200 депонии низ цела држава во акција која е дел од проектот Креативни заедници на ЦСУ поддржан од УСАИД.

САД / РУСИЈА - Американскиот претседател Доналд Трамп побара да се објави во јавноста конечниот извештај на специјалниот советник Рoберт Мулер за истрагата во врска со руското мешање во претседателската кампања во 2016 година.

УКРАИНЕ - Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека заплениле пратка од јужноамрикански наркотици во вредност од околу 51 милиони долари.

АВГАНИСТАН - По повеќекратни експлозии загинаа најмалку шест луѓе и 23 беа повредени во близина на шиитски храм во Кабул, соопштија авганистански официјални претставници.

ХОЛАНДИЈА - Холандските обвинители соопштија дека осомничениот за смртоносниот напад во трамвајот во Утрехт ќе биде теретен за терористички убиства.

КАЗАХСТАН - Полицијата во Астана уапси околу 20 луѓе за време на протестите против преименувањето на казахстанскиот главен град, откако поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев даде оставка од функцијата по скоро 30-годишно владеење.

франција - Припадници на француската воена антитерористичка мисија Стражар ќе бидат дополнително разпоредни в сабота за време на протестите на граѓанското движење Жолти елеци, соопшти француската влада.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е решена да го спроведе Брегзитот и ги повика пратениците да ја поддржат спогодбата која на два пати парламентот ја одби.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали со напредокот во борбата против Исламската држава од неговото доаѓање на власт и повтори дека самопрогласениот калифат на исламистите е пред крај.