Вучиќ утре ќе ја разгледува аболицијата за демонстрантите

Архивска фотографија- претседателот на Србија Александар Вучиќ

Србија е во исчекување на аболицијата на шефот на државата Александар Вучиќ, што ќе влијае на натамошните чекори на опозицијата и на протестите, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ денеска изјави дека има намера утре да го разгледа помилувањето, но и дека нема целосно такви овластувања.

“Одделни лица се казнети прекршочно, а за други се води преткривична постапка. Јас, во самата кривична постапка, а не само по пресудата, имам право на носење одлука за помилување. Но, во прекршочна постапка такво право немам”, изјави српскиот претседател.

Тој додаде дека се надева и сака лицата кои се осудени прекршочно да бидат ослободени во второстепената и апелациска постапка, бидејќи смета дека се „одговорни оние кои ги имаат злоупотребено“.