Глад, закани, радикализација...

МАКЕДОНИЈА - Системот на мрежата Сите сити, кој овозможува вишокот храна наместо во ѓубре да заврши кај ранливите категории и семејства на кои им е потребна, е поддржан од Министерството за труд и социјална политика и Фондод за иновации, како што е наведено, со цел да се види неговата одржливост и да се разгледа можноста тој да стане системско решение. Овој систем треба да ги промени состојбите и фактите дека кои покажуваат дека Македонија е земја која е на 10 место во светот по фрлање храна, во услови кога околу 460 илјади граѓани живеат под праг на сиромаштија и не можат да си обезбедат три оброци дневно.

МАКЕДОНИЈА - Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично ниска цена, изјави обвинителката Вилма Русковска. Таа вели дека постојат неколку пријави против Јакимовски кои се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легализација на времени објекти што потоа биле граден бесправно.

БЕЛГИЈА / МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев во Брисел учествуваше на годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација чиј копретседавач беше високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

САД - Американскиот претседате Доналд Трамп потпиша проглас, по повод годишнината од независноста на Грција од Отоманската империја. Тој ова го направи во пресрет на грчкиот празникот што се одбележува на 25-ти март ден кога во 1821 година, Грците кренаа востание. Трамп, кој им беше домаќин на собирот во Белата куќа на членови на Грчката православна заедница, во еден момент им фрли капа со фразата во стилот на неговата претседателска кампања Повторно направете ја Грција голема, напишана на грчки јазик.

РУСИЈА - Рускиот режисер Марлен Хуцијев почина на 94-годишна возраст. Унијата на руски кинематографи соопшти дека Хуцијев починал во болница во Москва.

АЛБАНИЈА - Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати е чин без преседан и лош пример за регионот, изјави амбасадорот на ОБСЕ во Тирана Берн Бошард, додавајќи дека таквиот потег бил критикуван од страна на сите меѓународни претставници.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британската влада разгледува можни одговори на одлуката на претседателот на Парламентот со која премиерката Тереза Меј не може повторно пред пратениците да го изнесе договорот за повлекување од Европската унија, кој тие два пати го одбија.

КАЗАХСТАН - Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изјави дека поднел оставка од неговата позиција по скоро 30 години на власт во земјата во Централна Азија.

ВЕНЕЦУЕЛА / САД - Приврзаниците на опозицискиот лидер во Венецуела Хуан Гваидо ја презеле контролата врз три дипломатски претставништва во Соединетите држави. Новинските агенции јавија дека станува збор за две згради во Њујорк кои му припаѓале на Министерството за одбрана на Венецуела и за конзуларното претставништво во Њујорк. Во наредните денови се очекува истото да биде сторено и со амбсадата на Венецуела во Вашингтон.

СРБИЈА - Лидерот на Народната партија Вук Јеремиќ изјави дека сите барања на опозицијата и на граѓаните кои протестираат во Србија се свеле на едно: оставка на претседателот на државата Александар Вучиќ со договор за фер и демократски избори. Во спротивно тој најави можна радикализација на протестите како граѓанска непослушност.

ТУРЦИЈА - Турција тврди дека Иран се вклучил во воената операција против Курдските сепаратисти иако воени извори во Техеран демантираат било каква вмешаност. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува збор за прва таква операција и оти наскоро би следувале слични такви мисии.