Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски приведен во Суд

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично ниска цена, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска. Таа вели дека постојат неколку пријави против Јакимовски кои се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легализација на времени објекти што потоа биле граден бесправно.

Рускоска изјави дека станува збор за злоупотреба на службена положба и овластувања, односно став 5 во врска со Член 45, бидејќи како што наведува, станува збор за продолжено кривично дело.

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за притвор на Јакимовски и на уште две лица враработени во Општина Карпош против кои исто така се осомничени за кривични дела.

Тие утринава заедно со Јакимовски беа приведен и изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Обвинителството соопшти дека во изминатиот период донело четири наредби за спроведување на истражна постапка во кои се опфатени повеќе лица, меѓу кои и Јакимовски.