Почина рускиот режисер Хуцијев

Рускиот режисер Марлен Хуцијев.

Рускиот режисер Марлен Хуцијев почина на 94-годишна возраст. Унијата на руски кинематографи соопшти дека Хуцијев починал во болница во Москва рано денеска. Хуцијев беше роден во грузискиот главен град Тбилиси, а дипломирал на водечката московска школа за филм ВГИК во 1952 година. Негов прв прв успешен филм беше „Пролет на улица Зарехнаја“ во 1956. Филмот стана еден од најпопуларните во историјата на Советскиот сојуз. Филмот на Хуцијев од 1964 година, „Јас имам дваесет години“ стана симбол на пост-сталинистичката ера, која беше одбележана со релаксација на репресијата и цензурата под власта на Никита Хрушчов.