Јеремиќ: итна оставка на Вучиќ или граѓанска непослушност

Вук Јеремиќ

Лидерот на Народната партија Вук Јеремиќ изјави дека сите барања на опозицијата и на граѓаните кои протестираат во Србија се свеле на едно: оставка на претседателот на државата Александар Вучиќ со договор за фер и демократски избори. Во спротивно тој најави можна радикализација на протестите како граѓанска непослушност. „Мислам дека треба да се влезе во разни форми на граѓанска непослушност од прекин на наставата на универзитетите до блокирање на сообраќајниците и институциите“, рече тој.