„Американ Ерлајнс“ ги прекинува летовите за Венецуела

Авион на „Американ Ерлајнс“.

Авиокомпанијата „Американ Ерлајнс“ привремено ги прекинува летовите за Венецуела поради безбедносни причини, соопшти компанијата која беше последна голема амириканска компанија која леташе за Венецуела.

Компанијата наведе дека привремено ги прекинува летовите и дека нема да лета во земја која не ја смета за безбедна.

„Безбедноста на нашиот екипаж и на нашите клиенти секогаш била наш приоритет. Американ Ерлајнс не може да лета во земји кои не ги смета за безбедни“, велат од компанијата.

Други американски и многу странски компании прстанаа да летаа во Венецуела, каде економската и политичката ситуација се влоши во последните неколку години.