Џафери на средба делегацијата од Парламентарното собрание на НАТО

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.

Политичката ситуација во земјата, економските реформи, регионалните односи и односите со НАТО беа тема на денешната средба меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и членовите на Делегацијата на поткомитетот за транзиција и развој на ПС на НАТО, која е во дводневна посета на земјата во насока на подготовка на Извоештајот кој ќе биде разгледуван на есенската сесија на НАТО во Лондон, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери изразил благодарност до Делегацијата за покажаниот интерес и ја информирал за забрзаната динамика на ратификацијата на Протоколот во националните парламенти, констатирајќи дека проактивните вклучувања во мисиите на НАТО ја демнострираат на дело подготвеноста на земјата да соработива и продонесува во стабилноста на регионот.

Членовите на Делегацијата се интересирале за активностите на Собранието во насока на донесувањето на реформските закони, а Џафери образложил дека во моментов се работи во три области: правда, безбедност и медиуми.