Притвор за газдата на Дурмо турс за несреќата кај Ласкарци

Сопственикот на Дурмо турс оди во притвор за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 луѓе, одреди судот. Освен сопственикот на Дурмо турс, во притвор во траење од 30 дена одат и раководителот на фирмата и возачот на автобусот. Двајца од седумте осомничени добија мерка домашен притвор, за еден се одредени мерки на претпазливост и тоа одземање пасош, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска повремено да се јавува во суд и забрана за вршење на работни активности, а седмиот осомничен доби мерки за претпазливост.

Претходно Обвинителството соопшти дека се приведени седум луѓе за несреќата кај Ласкарци, меѓу кои и возачот на автобусот.Како причина за несреќата ги посочија нецелосната исправност на кочниците на автобусот и брзината со која возел возачот.