Во Владата почна средбата Заев – Мицкоски

Архивска фотографија

Во Владата вечерва почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Теми на разговор на средбата, како што претходно најавија, се претстојните претседателски избори и реформските закони.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно најави дека на средбата ќе се разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Лидерската средба е на барање на ВМРО-ДПМНЕ.