Заев: Во фокусот на лидерската средба претседателските избори

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека потврдиле оти тој ќе се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и таа средба ќе се случи, веднаш штом ќе ги потврдат роковите. Тој изрази уверување дека може до крајот на неделата да се одржи средбата, но првата тема ќе бидат претстојните избори.

„Моја задача е како претседател на Влада, кој пред 21 месец бил опозиција, да разговарам со лидерот на опозицијата, кои се сите тие гаранции што треба ние да ги обезбедиме за фер и регуларни демократски избори, кои се одредени резерви што тие ги имаат, да ги отстраниме затоа што Северна Македонија мора да има кристално чист изборен процес и тоа е обврска на сите. Ќе разговараме и за реформските закони, но ниту јас ниту Мицкоски сме најстручни, треба стручни луѓе од Парламентот и од Министерство за правда да седнат на маса“, рече Заев.