Одложено рочиштето за „Траекторија“

Поранешниот премиер Никола Груевски пред Основен суд Скопје 1 на едно од претходните судења за „Траекторија"

Судењето за предметот „Траекторија” продолжува на 13 март, откако денешното рочиште беше одложено поради тоа што обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска била спречена да присуствува. Судијата Горан Бошевски истакна дека Стефановска можела да обезбеди замена но сакала таа лично да присуствува на предметот.

Случајот се однесува за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.