Пакистан го ослободи индискиот пилот

Слика со ликот на ослободениот индиски пилот

Индискиот пилот Абхинандан Вартхаман кој беше заробен пред некој ден од пакистанските сили, откако неговиот воен авион се урна во регионот на Кашмир е ослободен. Пакистанскиот премиер Имран Кан вчера најави дека пилотот ќе биде вратен во неговата земја. Пакистанската војска соопшти дека на 27 февруари два индиски воени авиони биле соборени и едниот пилот бил заробен.