Кубанците на референдум прифатија измени на Уставот

Куба

Околу 86 насто Кубанци се изјасниле на референдум за реформа на Уставот, соопшти кубанската Изборна комисија. На референдумот излегле 84 насто од гласачите. Новиот устав ја потврдува единствената улога на Комунистичката партија на Куба од револуцијата во 1959 година, но ги признава приватната сопственост и странските инвестиции како неопходни за придвижување на стопанството.