Стартуваше втората рунда од комисиската расправа за имунитетот на Вељаноски

Во собранието со задоцнување од речиси еден час започна продолжувањето на комисиската расправа за пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски доаѓа откако за него обвинителството побара притвор поради истрага во која е осомничен за организатор во насилните настани на 27 април во Собранието.

Во текот на вчерашната расправа пратениците од власта и опозицијата се обвинуваа меѓусебно за тоа која партија спровела поголем политички прогон и за инцидентите со притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристоски.