Домашни закани, грчки писма, странски предупредувања...

МАКЕДОНИЈА - Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, одговарајќи на новинарско прашање за наводите во јавноста дека возачот на автобусот на Дурмо Турс во чија несреќа починаа 15 лица добивал закани по живот, рече дека има такви сознанија во обвинителството.

МАКЕДОНИЈА / УНГАРИЈА - Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук негираше каква било инволвираност во настаните кои се случија на 27 април 2017 во Собранието.

МАКЕДОНИЈА - Сите знаеме дека вратите ги отворија Крсто Мукоски и Сашо Василевски по наредба на тој што порачуваше полици за во село, изјави обвинетиот Влатко Трајковски на давањето завршни зборови на одбраната во случајот 27 април.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го врати писмото со барањето од Кривичниот суд во Скопје за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, поради грешка во повикувањето на член од законот, информираа од кабинетот на претседателот на парламентот.

РУСИЈА - Премногу за надворешните, а многу малку за внтарешните работи. Вака реагираат дел до жителите на рускиот град Екатеринбург на говорот на претседателот Владимир Путин за состојбата на нацијата пред двата дома на парламентот.

АЛБАНИЈА - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во заедничка изјава околу последните случувања во Албанија побараа дијалог меѓу Владата и опозицијата.

ГРЦИЈА - Грчкото министерство за надворешни работи упати циркуларно писмо до јавните служби со упатство за примена на Договорот од Преспа. Во него се наведува дека новото име на соседната земја Република Северна Македонија важи од 12 февруари за сите употреби, за сите цели и во сите меѓународни и регионални организации, институции и форуми, но и во билатералната службена пошта.

ФРАНЦИЈА - Земјите на Западен Балкан треба да имаат вистинска перспектива за членство во Европската унија, бидејќи во спротивно постои ризик од враќање на 90 години од минатиот век, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

АЛБАНИЈА - Собранието на Албанија и официјално е без опозиција, откако лидерот на опозициската Демократската партија, Љуљзим Баша до Претседателството на Парламентот ги достави изјавите потпишани од пратениците со кои тие се откажуват од пратеничките мандати.