Просечната месечна плата изнесува 25.784 денари

Илустрација.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 108.1.

Зголемувањето се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28,0 %), Уметност, забава и рекреација (24,3 %) и Рударство и вадење камен (20,9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (22,1 %), Информации и комуникации (22,1 %) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 изнесува 25.784 денари“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.