Во Брисел состанок меѓу Меј и Јункер

Британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Брисел ќе разговара со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за излегувањето на Британија од Европската унија. До оваа средба доаѓа по завчерашните разговори меѓу британскиот преговарач за Брегзит Стивен Баркли и европскиот преговарач Мишел Барние. Унијата го повтори ставот дека нема намера повторно да преговара за спогодбата што во ноември лани ја постигнаа Лондон и Брисел, а беше отфрлена од британскиот парламент. Се страхува дека Британија би можело да излезе од Унијата без конечен договор.