Османи во Брисел на средби со Могерини и Хан

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи престојува во Брисел на работни средби со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“. Од Брисел, вицепремиерот Османи патува за Виена каде што ќе учествува на состанок на министри задолжени за европски прашања од земјите од Западен Балкан.