Путин ќе се обрати во рускиот парламент

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го одржи редовното обраќање во парламентот за состојбата на нацијата во време кога тој, според последните анкети, бележи рекордно низок рејтинг. Путин доминира во руската политика над две децении, служејќи како премиер и како претседател од 1999 година. 66 годишниот Путин лани беше избран на уште еден шестгодишен претседателски мандат. Ова ќе биде негово 15 обраќање за состојбата на нацијата пред двата дома на рускиот парламент.