Иран: Пакистанци го извршиле нападот врз безбедносните сили

Архива: лого на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Бомбашот самоубиец, кој минатата недела наводно извршил смртоносен напад врз иранските безбедносни сили, бил пакистански државјанин, локалните ирански медиуми витираат висок воен команданд.

„Името на бомбашот самоубиец Хафез Мохамад-Али и бил од Пакистан“, изјави денеска бригадниот генерал Мохамад Пакпур од корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), пренесува иранската новинска агенција „Сепах.“

Шефот на копнените сили на ИРГЦ исто така вели дека друг член на милитантната ќелија што го планирал нападот на 13 февруари, исто така бил Пакистанец.

Според Пакпур, тројца Иранци од провинциите Систан и Балочистан во југоисточен Иран, исто така биле дел од ќелијата и двајца од нив биле уапсени.

Исламабад го осуди нападот во кој 27 членови на ИРГЦ беа убиени, што е еден од најсмртоносните напади врз иранските безбедносни сили во последните години, а истот така вети и дека ќе соработува.