Огласот на СДСМ завршува денеска, досега пријавен еден кандидат за претседател

Архивска фотографија- седиштето на СДСМ

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов денеска изјави дека согласно постапката денеска завршува огласот за самокандидирање. Постапката, потсети, финишира на трети март со конгресот на партијата, а досега со самокандидирање има пријавено еден кандидат кој , како што рече, е добро познат на јавноста. Поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов минатата недела самиот најави дека ќе се кандидира на огласот на владејачката партија.

На новинарското прашање до Костадинов зошто самокандидирање и дали е тоа контрадикторно со обидите за изнаоѓање консензуален кандидат, портпаролот потенцира дека во целиот процес мора да има и самокандидирање.

“Можеби дел од пријавените кандидати ќе произлезат како заеднички кандидат на повеќето политички партии”, рече портпаролот на СДСМ.

Прашан кој кој друг има право да предложи претседателски кандидат, Костадинов нагласи дека согласно постапката тоа право го имаат и општинските организации. Тој појасни дека на денот на конгресот на партијата не може да се предлагаат претседателски кандидати, постапката трае до трети март. На Конгресот веќе се утврдува, а очекуваме, истакна, дека ќе се изгрди став за настап со заеднички кандидат.