Почина модниот креатор Карл Лагерфелд

Карл Лагерфелд

Познатиот германски креатор Карл Лагерфелд, кој се смета за икона на модната индустрија во светот, почина денеска на 85 годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдил и извор од француската модна куќа Шанел. Француските медиуми објавија дека Лагерфелд починал утринава откако синоќа бил пренесен во болница во близина на Париз.