Се зголемуваат тензиите меѓу Пакистан и Индија

Кашмир- индиски војник држи ракетен фрлач во близина на местото каде што се случи инцидентот, 18.02.2019

Пакистан го повика својот амбасадор од Њу Делхи на консултации во Исламабад поради зголемените тензии меѓу двете соседни земји кои имаат нуклеарно вооружување, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан.

Потегот следува откако неколку десетици индиски парамилитанти и војници беа убиени во два одвоени инциденти.

Во последната денешна вооружена пресметка во регионот Кашмир се убиени четири индиски војници и еден цивил. Вчера, пак, во самоубиствен бомбашки напад во истиот регион, кој е администриран од Индија, загинаа 41 парамилитант.