Северна Македонија на агендата на министерскиот состанок на ЕУ

шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Министрите за надворешни работи денеска ќе разговараат за Северна Македонија откако Скопје ги извести европските институции за употребата на новото име. Советот за надворешни работи на Унијата, како се наведува, ќе нотира дека земјата го променила своето име. Mинистрите во Брисел ќе го поздрават Преспанскиот договор и ќе ја изразат својата поддршка за овој процес што треба да донесе повеќе стабилност. Преспанскиот Договор и решавањето на спорот за името во петокот било споменато и од американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на неговата средба со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. И двајцата изразиле задоволство од затворањето на дводеценискиот спор меѓу Скопје и Атина.