Ахмети ја честиташе 11 годишнината од независноста на Косово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја честиташе 11 годишнината од независноста на Косово која, како што посочува, е најновата држава во Европа пред завршните предизвици за градење на државноста.

„Секој од нас има дадено придонес за најголемото национално постигнување, слободна, демократска и независна држава, Косово. Затоа, секој од нас што работел за овој ден, денес посакува да го види ова наше заедно достигнување, Косово, членка на ООН, НАТО и ЕУ, со развиено добрососедство и во благосостојба“, напиша Ахмети во честитката.