Нојерт нема да биде амбасадор на САД во ОН

Хедер Нојерт

Хедер Нојерт, која беше изборот на американскиот претседател Доналд Трамп за иден американски амбасадор во Обединетите нации се повлече од назначувањето на фунцкијата, соопшти Стејт Департментот.

„Изминатите два месеци беа исцрпувачки за моето семејство и затоа сметам дека е во најдобар интерес на моето семејство да се повлечам“, соопшти Нојерт.

Назначувачењето на Нојерт наиде на критики бидејќи 49 годишната портпаролка на Стејт Департментот нема искуство во дипломатијата. Трамп за Нојерт изјави дека станува збор за одлична личност и на функцијата требаше да ја замени Ники Хејли, која во октомври најави дека нема повеќе да биде амбасадор на САД во ОН. Нојерт порано била водителка на телевизиите Еј Би Си и Фокс њуз, а во април, 2017 година стана портпарол на Стејт Департменот.