Заев се сретна со Харадинај на маргините на конференцијата во Минхен

Премиерот Зоран Заев со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Премиерот Зоран Заев денеска на конференцијата за безбедност во Минхен се сретнаа со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, изразиле големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразиле подготвеност да настојуваат на зацврстување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања.

Харадинај упатил честитки до Заев за потпишувањето на протоколот за членството во НАТО и изразил надеж дека неговата ратификација ќе заврши многу брзо.

Новата реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, било истакнато на средбата и означува момент кој ќе придонесе и мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина, информира владината прес-служба.

На средбата била потврдена и натамошната заемна поддршка меѓу двете земји за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните.