Пуштен за сообраќај стариот пат Скопје - Тетово

Автобусот по несреќата на автопатот Скопје-Тетово

Стариот пат Скопје – Тетово од 16.20 часот попладнево е пуштен за сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот беше во прекин од вчера попладне по автобуската несреќа меѓу Карпалак и Ласкарци во која загинаа 14 лица.

Автобусот на „Дурмо турс“ кој излета од патот сообраќал на релација Скопје-Гостивар.