Словенија го призна Гуаидо како привремен претседател

Миро Церар

Словенечката влада денеска го призна опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Со тоа Словенија се приклучи кон групата од 23 земји членки на ЕУ кои веќе го признаа Гуаидо, кој се прогласи за претседател.

Министерот за надворешни работи на Словенија, Миро Церар изјави дека единствена причина за признавањето е повикот за слободни, демократски и легитимни избори колку што е можно побргу.

„Тука не станува збор за признавање алтернативна влада, туку само за признавање привремен претседател и ништо повеќе од тоа“, изјави Церар.

Пред десеттина дена Церар предложи владата да го признае Гуаидо, но одлуката беше одложена поради поединечни ставови во внатрешноста на коалицијата.