СДСМ одлучи да нема предвремени избори

На седницата на Извршниот одбор на СДСМ што започна околу 21:00 часот вечерва, донесена е одлука дека нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори,објавија дел од медиумите . Преовладувала оценката дека реформите и интеграциите се поважни и дека предвремените парламентарни избори би имале негативни ефекти врз динамиката на евро-атлантските процеси кои се важни за земјава.

Пред почетокот на седницата премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека „верува дека не е добро време за избори“. Тој дополни дека не сака да влијае на одлуките на мнозинството и оти пред се треба да се има одговорност пред државата.

"Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука", рече пред седницата Заев.

ВМРО ДПМНЕ бараше предвремени парламентарни избори напролет заедно со претседателските избори