Џафери во Албанија на ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе отпатува на работна посета во Република Албанија.

Kако што соопшти собраниската прес-служба, за време на посетата Џафери ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија, закажана за в четврток, на која ќе се ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО.