Словенија ќе го ратификува Протоколот за македонскиот влез во НАТО

Словенечкиот парламент, архивска снимка

Словенечкиот парламент денеска се очекува да го ратификува Протоколот за македонското членство воНАТО. Во рамките на вонредната седница треба да се обрати и македонскиот претседател на Собранието Талат Џафери, кој престојува во посета на Словенија. В четврток Протоколот ќе се најде на пленарна седница на алвбанскиот парламент и се очекува тој да биде изгласан едногласно приемот. И на оваа седница би требало да присуствува Талат Џафери.