Во Грција 39 починати од грип

Само во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 21 смртен случај од грип, со што од почетокот на сезоната досега починаа 39 лица, покажуваат податоците од грчкиот Центар за контрола и превенција од
болести, јави дописничката на МИА од Атина.

Последниот регистриран случај е бебе, додека, пак, на интензивна нега биле примени 165 лица и девет деца. Според истите податоци, 1,7 милиони Грци се вакцинирале за заштита од грип.