Свечено кревање на знамето на НАТО пред Владата

На платото пред Владата, утре, со свечена церемонија, ќе биде подигнато знамето на НАТО. Владината зграда, на која од денеска веќе не стои натписот „Влада на Република Македонија“, наскоро ќе добие натпис со новото уставно име.

„Во вторник со почеток во 11 часот пред платото на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод подигнување на знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија“, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

На свеченоста ќе се обрати претседателот на Владата Зоран Заев.