Воено-цивилни вежби во Венецуела

Николас Мадуро

Оспорениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, го прогласи почетокот на големите воено-цивилни вежби – „Двесте години Ангостура 2019“, во кои ќе уствуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Во пресрет на почетокот на воените вежби Мадуро пристигна во државата Миранда, која се наоѓа во близина на Каракас, каде што изврши надзор на воената опрема, која вклучува и ракетни системи од руско производство.

Воените вежби ќе се одржуваат од 10 до 15 февруари. Како што претходно посочи Мадуро, тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.