Епидемија на ебола во Конго, починаа стотина деца

Микроскопски преглед на ебола вирусот, илустрација

Речиси сто деца починале минатата година во Демократска Република Конго, поради епидемијата на ебола, а ситуацијата е се полоша бидејќи бројот на нови случаи на заразени се удвои во текот на минатиот месец, соопштија од организацијата Save the Children, а пренесува Си-ен-ен. Од почетокот на епидемијата во август минатата година, 97 деца починале од оваа вирусна болест. Од нив, 65 биле помлади од 5 години. Во јануари годинава забележано е зголемување на бројот на нови случаи, така што бројката на заболени се зголеми од дваесет, на четириесет неделно. Само во последните три недели биле забележани 120 нови случаи на инфекција од ебола.