Пожарот во затворот во Идризово ставен под контрола

Во затворот во Идризово, утрово избувна пожар. Како што соопштија од Противпожарната бригата-Скопје, пожарот бил пријавен околу 4 часот, а изгорела кровна конструкција. Интервенирано било со едно возило и четворица пожарникари. Според првичните информации, причинета е штета од околу 15 000 денари, а пожарот бил ставен под контрола за еден час, соопштија од противпожарната бригада.