Унгарија доживотно ослободува од данок жени кои имаат четири деца

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата влада значително ќе ја зголеми финансиската помош, како и олеснувањата на семејствата со повеќе деца, вклучувајќи и доживотно ослободување од данок на приходите. Во говорот за состојбата на нацијата Орбан рече дека од овој данок доживотно ќе бидат ослободени жените кои ќе родат најмалку шетири деца. Новите мерки треба да го запрат падот на бројот на жители во Унгарија.