Почина бебе со морбили на Инфективната клиника

Илустративна фотографија. Пункт за вакцинирање „Бит пазар“.

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Toj посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било
невакцинирано.

"Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и
мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален по падот на опфатот со вакцинација во 2014 година " изјави министерот Филипче

Уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба